Oдржан првиот академски час

15.09.2010

Свеченоста по повод почетокот на новата академска 2010/2011 година во чест на генерацијата новозапишани студенти се одржа на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид. 

Првиот академски час за студентите од Правниот факултет - Кичево, дисперзирани студии во Битола се одржа во објектот од некогашната Касарна со што и официјално започна користењето на објектите од Касарната, кои  се ставаат во функција  на наставно – образовната дејност и потребите на студентите од УКЛО. На настанот покрај ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, проректорите и претставници од менаџментот на Универзитетот  присуствуваше и градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески.

На 16.09.2010 година на УКЛО  ќе се реализира третиот уписен рок.

Scroll to Top