Потпишан Меморандум за разбирање со Универзитетот во Анкара

16.09.2010

На 03.09.2010 година, ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Златко Жоглев и ректорот на Универзитетот во Анкара, проф. д-р Џемал Талу потпишаа Меморандум за разбирање со кој се истакнува заедничката заложба на двата универзитети во насока на понатамошно развивање на академската, научно-истражувачката и културната соработка.

Иницијативата за потпишувањето на овој Меморандум потекнува од средбата на ректорите на двата универзитети во текот на месец јуни одржана во рамките на посетата на ректорот Жоглев на неколку турски универзитети. Меморнадумот исто така се темели и на искажаниот интерес на двете страни за зајакнување на билатералната соработка како сегмент на интернационализацијата на високот образование.


Scroll to Top