Потпишан Меморандум за соработка за практична настава

16.09.2010

УКЛО е еден од потписниците на Меморандумот за соработка за реализацијата на практичната настава потпишан со Министерството за информатичко општество

Со одлука на Министерството за образование и наука практичната обука е задолжителна за студентите кои се запишале во  академската 2010/2011 и треба да трае 30 дена во годината.

Целта на меморандумот е поедноставно да се спроведува воведувањето на практичната настава во државните универзитети.

Со Меморандумот, Министерство за развој на информатичкото општество ги отвори вратите за сите студенти кои се едуцираат во областа на информатичките и комуникациските технологии, за да можат да бидат дел од проектите кои ги спроведува Владата на Република Македонија во развојот на информатичкото општество и нивна подготвеност за поедноставно вклучување во економијата по дипломирањето.

Scroll to Top