Одржан првиот академски час за новата студиска програма нутриционизам

22.09.2010

Со пригодна свеченост започнаа академските студии за првата генерацијата бруцоши од новата студиската програма нутриционизам од Технолошко-техничкиот факултет – Велес, дисперзирани студии во Битола.

На првиот академски час студентите ги поздрави ректорот, проф. д-р Златко Жоглев кој во оваа пригода ги отстапи на користење адаптираните простории од старата Виша земјоделска школа наменети за дисперзираните студии од Технолошко – техничкиот факултет – Велес и воедно отстапи на користење две комби возила за потребите на наставниот кадар на факултетите со дисперзирана настава.

Деканот на Технолошко – техничкиот факултет – Велес, проф. д-р Драган Дамјановски на првиот академски час се осврна на предизвиците и перспективите што ги нуди нутриционизмот како и можностите за мобилност при студирањето, овозможени благодарение на соработката на УКЛО со другите универзитети.

Scroll to Top