Од посетата на универзитетите во Риека и Марибор

23.09.2010

Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола проф д-р Златко Жоглев , во периодот 0д 17 до 21 септември реализираше посети на универзитетите во Риека  и Марибор. Во текот на  средбата со ректорот на Универзитетот во Риека, проф. д-р Перо Лучин двајцата колеги разговарале за  конкретизирање на Договорот за билатерална соработка , особено на планот на мобилноста.

Ректорот го посети и  Лекторатот за македонистика, којшто е еден од водечките македонски лекторати  во светот, а исто така и Канцеларијата на Почесниот македонски конзул во Риека.

Ректорот присуствуваше и на  прославата по повод 35 годишнината од основањето на Универзитетот во Марибор кадешто оствари повеќе средби со свои колеги од универзитетите од бившите југословенски простори.

Scroll to Top