Промовирани нови доктори на науки на УКЛО

09.12.2008

Во Ректоратот на Универзитетот "Св.Климент Охридски" - Битола промовирани се петмина нови доктори на науки. На свеченоста одржана во чест на патронот на Универзитетот, Ректорот проф д-р Златко Жоглев за доктори на науки ги прогласи: Светлана Николоска, доктор на науки од областа на безбедноста, Костандина Вељановска, Игор Андреевски и Љупчо Трајчевски од областа на техничките науки,и Роберт Нунески за доктор од областа на земјоделските науки. На Универзитетот "Св Климент Охридски" - Битола од конституирањето до денес докторирале 83 доктори на науки.

Scroll to Top