Одржана манифестацијата „Ноќ на истражувачи“

27.09.2010
Под мотото „Отворени за наука“ по трет пат во Македонија, а по втор пат во Битола, се одржа манифестацијата „Ноќ на истражувачите“.
На 17 штандови на плоштадот Магнолија претставниците од Универзитетите во Македонија, од бизнис секторот и невладините организации презентираа дел од своите научни и истражувачки проекти и активности.
„Ноќта на истражувачите“ има за цел да ги приближи науката и истражувањето до пошироката јавност, особено до младите и за та цел манифестацијата беше збогатена со забавна програма,а беа доделени и награди за најдобар есеј и фотографија на тема „Иднината и новите технологии“
Настанот истовремено се одвиваше во повеќе од 200 градови од 32 европски земји
Настанот „Ноќ на истражувачите“ е пан-Европска манифестација, поддржана од Европската Комисија којашто од 2005 година секоја година традиционално се одржува во последниот петок од месец септември.