Соработка УКЛО - Европски универзитет

06.10.2010

На 4 октомври 2010 година во Скопје ректорот. проф. д-р Златко Жоглев и неговиот колега од Европскиот универзитет проф. д-р Зоран Ивановски потпишаа договор за соработка.

Двете високообразовни установи на овој начин  ќе ја зајакнат соработката во образованието и научно – истражувачката работа.

Со Меморандумот за соработка  утврдени се  и принципите за размена на искуства и наставен кадар којшто ќе им биде на располагање на студентите од двата универзитети.

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев по повод потпишувањето на договорот нагласи дека ваква соработка меѓу универзитетите во Европа е редовна практика и здружувањето на УКЛО со Европскиот универзитет ќе помогне во зголемувањето на нивната конкурентска предност и успешност.

Scroll to Top