ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТОТ

06.10.2010

Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола и Меѓународниот Балкански Универзитет потпишаа Договор за соработка.

На средбата што на 06 октомври 2010 година  се одржа во Ректоратот, двајцата ректори проф. д-р Златко Жоглев и проф. д-р Хунер Шенџан ја конкретизираа идната соработка во повеќе области.

Со договорот се утврдуваат повеќе форми во меѓусебната соработка и се дефинираат наставно-научните области од заеднички интерес како и начините за нивна реализација. Планирано е, во функција на расположивите средства,  соработката да се одвива низ повеќе активности и програми за соработка, а притоа факултетите и департманите во состав на универзитетите потписници, со посебни анекси да ги дефинираат видот, обемот и принципите на реализација на договорот.

Со чинот на потпишување на договорот на којшто присуствуваа и проректорите на двата универзитети,  УКЛО ја продолжува соработката со сите универзитети во Република Македонија.


Scroll to Top