СОРАБОТКА УКЛО - ОПШТИНА ПРИЛЕП

08.10.2010

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев со градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески потпишаа Меморандум за соработка со кој се продлабочуваат  веќе воспоставените релации и активности меѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и локалната самоуправа.

Со чинот на потпишување на договорот на кој присуствуваа проректорите, проф. д-р Јованка Тутеска и проф. д-р Сашо Атанасоски, се утврдуваат повеќе форми на меѓусебна соработка, се дефинираат заедничките интереси и начинот на нивна реализација.

На средбата, потенцирани се потенцијалните можности за аплицирање и користење на одредени финансиски средства од донатори и вклучување во заеднички проекти како и реализирање на одредени програми кои се достапни од ЕУ фондовите.

Scroll to Top