Соработка УКЛО – Медицински универзитет, Варна

14.10.2010

На 14. 10.2010 година, ректорот  на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Златко Жоглев  со ректорот, проф. д-р Анелија Клисарова од  Медицинскиот универзитет од Варна, Република Бугарија потпишаа Договор за соработка.

Со овој чин, се создаваат особено поволни услови за соработка, што за УКЛО, во чиј состав се наоѓа Високата медицинска школа, а  на неколку факултети се застапени студиски програми коишто се однесуваат на  квалитетот на храната, здравјето, околината и животот воопшто, претставува  уште една можност за збогатување на понудата за соработка и во во делот на здравствените науки.

Договорот предвидува повеќе форми за поттикнување на соработката и размената на искуства во наставно – научната и истражувачката дејност  меѓу двете високообразовни установи.

Гостите од Медицинскиот универзитет од Варна имаа работна средба во Високата медицинска школа, а во рамките на престојот обиколија и некои од  културно-историските споменици во   Битола и Охрид.

Scroll to Top