Презентација на стипендиската програма DAAD

15.10.2010

Во контекст на современите трендови за размена на искуства на студенти и наставен кадар, Универзитетот Св.Климент Охридски и Секторот за меѓународна соработка организираа презентација на можностите за стипендирање што ги нуди програмата DAAD од Сојузна Република Германија. На 14.10.2010 во просториите на Педагошкиот факултет во Битола во соработка со доц. д-р Валентина Илиева, се одржа презентација на програмите за стипендирање кои ги нуди DAAD. Претставникот на DAAD, г-ѓа Петра Сејди ги искажа можностите за начинот на добивање стипендии за студенти и академски кадар, а воедно ги охрабри заинтересираните да аплицираат со неопходните документи до 15.11.2010.
 
Во исто време, претставници на DAAD организираа презентација пред студентите и академскиот кадар на Техничкиот факултет во Битола.

Scroll to Top