Престижно признание за УКЛО од Општина Прилеп

04.11.2010

Локалната самоуправа од Прилеп му додели плакета на Универзитетот„Св.Климент Охридски“ – Битола по повод 3 Номеври, Денот на ослободувањето на Прилеп.

Ова највисоко општинско признание Универзитетот го доби за  важната улога што ја остварува во високообразовниот простор во Република Македонија, особено нагласувајќи го значењето што оваа високообразовна установа го остварува во сите градови кадешто делува и каде бројни генерации дипломирани кадри го наоѓаат своето место во професионалниот живот.

Во образложението за високото признание потенцирана е и улогата на трите  институциии во составот на УКЛО сместени во Прилеп: Економскиот факултет ( којшто дополнително низ 5 децениското постоење е вграден во развојот на Универзитетот преку непосредното учество во неговото раководење), како и двете научни установи единствени од тој вид во државата: Институтот за тутун и Институтот за  старословенска култура.

Во прилог на оваа одлична соработка е договорот што УКЛО го потпиша со локалната самоуправа од Прилеп  со што се потврдува мисијата на  Универзитетот за воспоставување врски  со непосредното окружување.

Плакета 3 ноември на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола  му беше доделена на свечена седница на Советот на општина Прилеп.


Scroll to Top