Возвратна работна посета на делегација од Свеучилиштето во Риека на УКЛО

18.11.2010

На 18.11.2010 година, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, оствари работна средба со проф. д-р Перо Лучин, ректор на Универзитетот од Риека и неговиот соработник проф. д-р Горан Калоџера, истакнат славист/македонист и истовремено Почесен конзул на РМ во Хрватска.

На состанокот на којшто присуствуваше и проректорот, проф. д-р Пере Аслимоски,  стана збор за конкретна операционализација на претходно потпишаниот билатерален договор за соработка со вклучување на одделни сродни единици од двата универзитети.

Двајцата ректори ја нагласија потребата за интензивирање на академската соработка во овој дел на Европа, на Балканот, карактеристичен по традиционално добрите универзитетски релации во минатото.

Средбата којашто измина во пријателска и срдечна атмосфера претставуваше и можност за иницирање повеќе различни форми на соработка коишто може да ја доживеат својата практична реализација во идниот период.

Scroll to Top