УКЛО ДОБИ СПОРТСКА САЛА

22.11.2010

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски  свечено ја пушти во употреба спортската сала „Павел Шатев„ во комплексот на студентскиот дом. Истакнувајќи дека спортот е еден од приоритетите на македонската влада, премиерот Груевски инвестирањето во спортот и физичката култура го оцени како инвестиција во здрава иднина.
Заблагодарувајќи се за поддршката од Владата и Агенцијата за млади и спорт, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев укажа на постојаното унапредување на студентскиот стандард и живеење што се потврдува со ставањетото во функција на спортската сала за потребите на студентите на УКЛО.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Диме Спасов истакна дека спортската сала „Павел Шатев„ е повеќенаменска, нејзиниот капацитет и димензии  се според европски стандарди и ќе овозможат нејзина искористеност како за  студентите така  и за спортските клубови.

На настанот  покрај студенти и претставници од академската јавност присутсвуваа министрите Зоран Коњановски, Иво Ивановски, пратеници од македонското Собрание и градоначалникот на Општина Битола Владимир Талески.

Scroll to Top