Укло потпиша Договор за соработка со А.Д. „Млин Стојчев“

24.11.2010

Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски"-Битола, проф. д-р Златко Жоглев и Директорот на „Млин Стојчев“ ДОО Битола,  Благој Стојчев, на 24.11.2010 година  потпишаа Договор за соработка.

Со договорот се планира да се реализираат низа заеднички проекти од истражувачки и едукативен карактер, консултации и експертизи, размена на искуства и други форми на соработка. Оваа спогодба овозможува поврзување на универзитетските активности со стопанските субјекти преку интензивирање на можноста студентите на УКЛО да стекнат одредени практични искуства како практиканти во овој најголем мелничко – пекарски комбинат во регионот.

Овој настан е уште еден од низата настани со кои Универзитетот станува активен чинител во јакнењето на односите Универзитет-стопанство.

Scroll to Top