УКЛО дава поддршка на признанието „Најмлад научник“

03.12.2010

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола врз основа на Јавниот повик за доделување на признанието „Најмлад научник“ за врвни научни достигнувања за тековната календарска година, признание востановено по иницијатива на Претседателот на Република Македонија Н.Е Ѓорге Иванов, ги информира единиците и придружните членки во својот состав навремено да го известат научниот кадар за учество на Јавниот повик.

Целта е да се даде поддршка на науката и стимулирање на вложувањата во науката

Признанието „Најмлад научник“ предвидува избор на кандидат кој ќе го понесе престижниот епитет за 2010 година, како поттик за развој на младата научна и истражувачка мисла во Република Македонија. Во програмските активности за доделување на признанието „Најмлад научник“ треба да се опфатат сите млади луѓе до 30 години што се занимаваат со наука и научни истражувања, а кои во досегашната научна работа имаат постигнато соодветен научен придонес  за развојот на научната мисла во Република Македонија и за напредокот на општествeната заедницата.
 
Превземи повик

Scroll to Top