Познати добитниците на наградата Владимир Костов

03.12.2010

На распишаниот награден конкурс за краток расказ на слободна тема во три категории: за професори, соработници и студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“  - Битола конкурсната комисија во состав: проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Јордан Стојановски и проф. д-р Димитар Пандев одлучи првата награда да ја добие расказот Бунар. Двете втори награди ги добиваат авторите на расказите: Болката на младиот разум и Тоа беа чудни коинциденции.

Првонаградените раскази ќе бидат објавени  и во посебно издание. 


Scroll to Top