ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СОРАБОТКА СО УНИВЕРЗИТЕТОТ ОД ЧАНАКАЛЕ, ТУРЦИЈА

06.12.2010

Прославата на патрониот празник на Универзитетот беше искористена за потпишување на македонската верзија  време на Меморандумот за разбирање помеѓу Униврезитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Универзитетот „18 Март“ од Чанакале, Република Турција.

Ректорите,  проф. д-р Златко Жоглев и проф. д-р Али Акдемир најавија ефектуирање на соработката низ повеќе форми на меѓусебно вклучување во заеднички истражувачки проекти, организирање и учество на научно –истражувачки конференции, симпозиуми и семинари, како и поддршка на контакти помеѓу студентите и академскиот кадар.

Потпишувањето на Меморандумот за разбирање го поздрави и ректорот на Универзитетот од Едрене, проф. д-р Енвер Дуран, во рамките на својот престој на Универзитетот и Битола, организиран по повод неговото промовирање во звање почесен професор – висок академски чин којшто на УКЛО се одржа по петти пат.

Scroll to Top