ОДБЕЛЕЖАН ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК НА УКЛО

06.12.2010

Во рамките на одбележувањето на патрониот ден на УКЛО се одржа свеченост на која свое обраќање  имаше ректорот, проф. д-р Златко Жоглев.  Истакнувајќи дека она што досега е сторено на универзитетот претставува одлична основа за нови достигнувања и успеси благодарение на севкупните ресурси на УКЛО, ректорот ги нагласи актуелностите поврзани со студентите, подобрувањето на техничките и просторни услови, посочувајќи ја визијата и стратегијата на универзитетот во идниот период.

Академијата доби на значење со промоцијата на два исклучителни академски моменти. Доделување титула почесен доктор на науки на писателот Владимр Костов,  што за првпат се случува на УКЛО и доделување звање почесен професор на д-р Енвер Дуран, ректор на Универзитетопт Тракија од Едрене, Република Турција.

Традиционално, на свеченоста, беа доделени наградите за најдобро дипломираните студенти во академската 2009/2010 година.

Чествувањето на Св Климент и одбележувањето на патронатпот на УКЛО со своето присуство го удостоија бројни делегации од земјата и од странство меѓу кои претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов и во својство на претставник на Владата на Република Македонија,министерот Зоран Коњановски.

По повод чествувањето,во Ректоратот,пред споменикот на Св. Климент беа положени букети цвеќиња.

Scroll to Top