РЕКТОРСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА СРЕДБА КАЈ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВАТА

13.12.2010

Ректорот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола проф. д-р Златко Жоглев оствари работна средба со Претседателот на државата Н. Е Ѓорѓе Иванов. На средбата ректорот беше придружуван од  ректорите на два универзитети од Република Турција: проф. д-р Енвер Дуран од универзитетот во Едрене и проф. д-р Али Агдемир од универзитетот во Чанакале.

Ректорот го запозна Претседателот на државата со одржаните свечености по повод одбележувањето на патрониот ден на УКЛО, осврнувајќи се посебно на чинот на инаугирација на д-р Енвер Дуран во почесен професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

На средбата беше разговарано за започнатите активности за продлабочување на соработката со овие универзитети во насока на организирање заеднички студии, размена на студенти и академски кадар, за што Претседателот на државата г-дин Ѓорѓе Иванов искажа безрезервна поддршка со оценка дека ваквата соработка ги јакне и традиционално добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Турција.

Scroll to Top