Потпишан Договор за соработка меѓу УКЛО и Центарот за пелагониски развој

10.02.2011

Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ - Битола и  Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион потпишаа договор за соработка. Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев и директорот на Центарот Емилиа Ѓеровска на овој начин ја официјализираа соработката со што е овозможен директен контакт меѓу академската заедница и бизнис секторот.

Со договорот се отвораат можности за заедничко аплицирање со конкретни проекти пред фондовите на Европската Унија што ќе помогне во регионалниот развој.

Првиот заеднички проект меѓу Универзитетот и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион е од сферата на енергетската ефикасност и ќе  се реализира во соработка со Техничкиот факултет – Битола.

Scroll to Top