Доделени наградите за краток расказ Владимир Костов

22.02.2011

На 21 февруари 2011 година по повод Светскиот ден на мајчиниот јазик на Педагошкиот факултет – Битола се одржа пригоден настан.

Во присуство на писателот Владимир Костов, претставници од академската јавност, Друштвото на писателите на Македонија и Научното друштво, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев  ги додели наградите за краток расказ.

По распишаниот Конкурс за краток расказ Владимир Костов на слободна тема во три категории: за професори, соработници и студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“  - Битола конкурсната комисија во состав: проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Јордан Стојановски и проф. д-р Димитар Пандев  првата награда ја додели на расказот Бунар од авторот Елена Ѓорѓиевска Костадинивиќ. Двете втори награди ги добија авторите на расказите: Коинциденции од Елизабета Ангелеска Атанасоска  и  Болката на младиот разум од Биљана Талевска.

Настанот беше проследен со избрана колажна програма подготвена од професорите и студентите од Педагошкиот факултет, изведена на повеќе светски јазици со што Универзитетот даде свој придонес кон негувањето на мајчиниот јазик и творештвото, како и во одбележувањето на лингвистичката и културната разновидност.

Scroll to Top