Презентација на француски стипендии

28.02.2011

На иницијатива на Службата за универзитетска соработка при Француската Амбасада во Скопје и во соработка со Канцеларијата за МС при УКЛО, на 23 февруари, пред бројните студенти на Техничкиот факултет и ФАМИС беше одржана ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА СТИПЕНДИИТЕ НА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА ЗА ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ВО ФРАНЦИЈА. Притоа, г-ѓа Сузана Пешиќ од Кампус Франс  исцрпно ги запозна студентите со можностите што се нудат во неколкуте програми за соработка и конкурси за стипендии со посебен нагласок на Програмата „н+и“ наменета за студентите на техничките науки, идните инженери.

Scroll to Top