Холандската Амбасадорка во посета на УКЛО

02.03.2011

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев ја прими Амбасадорката на Кралството Холандија, НЕ Симоне Филипини. Станува збор за прва званична посета на амбасадорката Филипини на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на која и претходеше предавањето што таа го одржа за студентите и академските кадри на ФАМИС.

Во текот на скоро едночасовната средба којашто се одвиваше во пријатна и опуштена атмосфера, ректорот Жоглев ја запозна Амбасадорката Филипини со личната карта на УКЛО и и ги претстави позначајните меѓународни проекти во кои Универзитетот или неговите единици  реализирале соработка со холандски партнерски високообразовни установи . Притоа и двајцата соговорници ја истакнаа можноста за поддршка на различни форми на соработка  за кои единиците во состав на УКЛО би пројавиле интерес и иницијатива.

Во оваа насока амбасадорката Филипини ја спомна можноста за продлабочување на соработката во областа на туризмот, имајќи го во предвид фактот што во составот на УКЛО функционира соодветен факултет, како и очекуваниот зголемен наплив на холандски туристи  што би можело да претставува добар предуслов за воспоставување  едукација и обуки за различните стејкхолдери во насока на постигнување стандарди што би биле компатибилни со потребите на странските, особено холандските туристи.

Scroll to Top