Отворен надворешниот конкурс за бирање стручни пракси за студентиte на техничките науки

10.03.2011

Од 7-ми Март официјално е отворен надворешниот конкурс. Право да аплицираат имаат сите редовни студенти на додипломски или магистерски студии на техничките факултети при универзитетите: „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, „Св. Климент Охридски“ - Битола, „Гоце Делчев“ - Штип и Универзитетот за информациони науки и технологии - Охрид.

За апликација потребни се следните документи:

1. Мотивационо писмо за соодветната пракса (зошто сте ја одбрале таа пракса и зошто сте вие погоден кандидат за неа)
2. Кратка биографија (CV)
3. индекс на увид за редовен студент
4. Листа на положени предмети издадена од матичниот факултет
5. Сертификат за англиски и други јазици доколку познавате
6. Препораки и дипломи (доколку студентот ги има) кои дополнително ќе бидат земени во предвид

Праксите на кои можете да аплицирате и формата за аплицирање можете да ги најдете на следниов линк http://www.iaeste.org.mk/unusedoffers/NadvoresenKonkurs.aspx

При аплицирањето можете да направите избор од две пракси, како прв и втор избор, а потоа во зависност од рангирањето ќе ви биде доделена соодветна пракса.

Доколку има повеќе кандидати заинтересирани за една иста пракса ќе се изврши рангирање според: постигнатиот успех на факултет, годината на студии, познавањето на јазици и искуство во извршување на претходни пракси и активности во ИАЕСТЕ Македонија. За членовите на ИАЕСТЕ Македонија, активностите во организацијата не надминуваат 10% од успехот на студиите (просекот). Рангирањето е транспарентно, а резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најкасно до 21.03.2010.

Приемни денови за документи за аплицирање се среда (16.03.2011) и четврток (17.03.2011) од 12 до 14 часот во Барака 5 при Факултетот за Електротехника и Информациски Технологии и Машински Факултет Скопје, во канцеларијата на ИАЕСТЕ Македонија (првата врата од лево).

Лице за контакт е Александар Ниневски (моб. 070-703-589).
Конкурсот трае до 17.03.2011 (четврток), 14 часот.

За сите прашања поврзани со праксите можете да се обратите на macedonia@iaeste.org

Scroll to Top