ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ПО ВТОРПАТ НА УКЛО

16.03.2011
Ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев имаше средба со Амбасадорот на Франција, НЕ Жан Клод Шлумберже којшто по втор пат званично го посети Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Во текот на пријатната получасовна средба на која присуствуваше и Советникот за културна и техничка соработка Жан Ив Лавуар , ректорот го запозна Амбасадорот со приоритетните активности врз кои е фокусиран Универзитетот. Во разговорот беа идентификувани повеќе можности за соработка, пришто француската страна изрази спремност за обезбедување експертска поддршка во реализацијата на новата и атрактивна студиска програма за Европски интеграции и менаџирање со Европски проекти чијшто почеток на ФАМИС, по акредитацијата, се очекува за наредната академска година.