ERASMUS MUNDUS ACTION 2/EM2 – STEM

23.03.2011

ERASMUS MUNDUS ACTION 2/EM2 – STEM

Entrepreneurship and Management training for Science, Technology, Engineering and Mathematics

Програма за мобилност на студенти и академски кадар од УКЛО

ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ 

КРАЕН РОК: 15.04.2011

 

УКЛО е член на Конзорциумот на EM2 – STEM проектот во чиишто рамки се предвидени вкупно 264 стипендии за мобилност помеѓу земјите на Западен Балкан и ЕУ. Деталните информации за партнерите во Конзорциумот се достапни на веб страницата на EM2 – STEM (http://www.em2stem.eu).

Во рамките на овој Проект се повикуваат заинтересираните студенти и кадри, првенствено од инженерските и природните науки,  да аплицираат за периодите на мобилност со различно времетраење, на еден од ЕУ партнерските универзитети. Сите детали за распределбата на стипендиите по видови мобилност и по целни групи, како и он-лајн апликацијата се достапни на: http://www.em2stem.eu .

Заинтересираните потенцијални кандидати можат да ја контактираат Канцеларијата во врска со процесот за аплицирање, како и за Програмата во целост.

Канцеларија за меѓународна соработка

Г-ѓа Калиопа Стилиновиќ, раководител

(kaliopa.stilinovic@uklo.edu.mk )

Г-ѓа Нуртен Сулејмани, советник

(nurten.sulejmani@uklo.edu.mk )

Scroll to Top