УСВОЕН ИЗВЕШТАЈОТ НА РЕКТОРОТ ЗА РАБОТАТА НА УКЛО

22.03.2011

На 22 март 2011 година беа одржани две значајни седници на органите на УКЛО. Станува збор за 130-та седница на  Ректорската управа и 91-та седница на Сенатот.

На дневниот ред се најдоа повеќе прашања од надлежност на Сенатот и Управата, но најголем акцент се стави на разгледувањето и усвојувањето на Извештајот на ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, за работата на  Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола за периодот на академската 2009-2010 година.

Присутните декани и директори, а подоцна и сенаторите, со внимание го проследија излагањето на ректорот Жоглев во однос на оваа значајна материја и во дискусиите што следеа исклучително позитивно го оценија функционирањето на УКЛО во извештајниов период. Истиот го карактеризираа бројни активности  во различните домени што се дел од работењето на Универзитетот, а притоа посебен  акцент беше даден на оние активности што значат заокружување на процесот на интеграција преку имплементација на соодветните акти како и одредбите од  Законот за високото образование.

Универзитетската управа и Универзитетскиот сенат ја усвоија и Програмата за работа на УКЛО за наредната академска година.

Scroll to Top