УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СЕНАТ И УНИВЕРЗИТЕТСКАТА УПРАВА ВО НОВИ ПРОСТОРИИ

22.03.2011

Универзитетскиот сенат и Универзитетската управа ги одржаа своите последни седници во реновираните простории во објектот каде се наоѓа Правниот факултет, инаку објект даден на користење на УКЛО од страна на Владата на РМ односно Министерството за одбрана во рамките на големата акција за пренамена на некогашните касарни.

Во овие преуредени простории каде се презедоа значајни градежни работи, Универзитетот односно Ректоратот, за своите активности ќе користи две функционално преуредени сали за состаноци, канцелариски простор, тука се просториите и на Универзитетското радио, а дополнително ќе бидат прилагодени и други простории во функција на непречено одвивање на универзитетските активности чијшто обем постојано се зголемува.

Функционирајќи во овој реконструиран простор, во  работата на највисоките органи и тела на Универзитетот- Сенатот и управата, се внесе нов, повисок квалитет.

Scroll to Top