УКЛО-ФМ – ПРВО УНИВЕРЗИТЕТСКОТО РАДИО НА НАШИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

25.03.2011

Универзитетското радио-проект врз којшто подолго време е фокусирано раководството на УКЛО предводено од ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, започна со емитувањето на својата редовна програма.

Првенствено наменето за студентите, Универзитетското радио фукционира во исклучително добри технички услови, со најсовремена опрема, а е сместено на третиот кат  во објектот каде  се наоѓа Правниот факултет.

На фреквенција од 90,8 MHz, покрај музичката програма,студентите ќе може да се информираат за многу нешта што го сочинуваат нивното живеење и што се дел од нивните секојдневни преокупации.

Универзитетското радио, низ емисиите што постепено добиваат препознатлив лик и со својата политика на слободен пристап за сите студенти, настојува да функционира како отворен медиум  во којшто студентите ќе бидат во можност активно да соработуваат, известуваат и во својство на редовни дописници да се стекнат со првични искуства во „новинарската професија“.

Scroll to Top