ВИСОКА ДРЖАВНА И ДИПЛОМАТСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА УКЛО

08.04.2011

Висока државна и дипломатска делегација во чиј состав беа  Вицепремиерот и заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Васко Наумовски, Н.Е Амбасадорот на ЕУ и Шеф на Делегацијата на ЕУ во Република Македонија Петер Соренсен како и Драган Тилев, од Мисијата на ЕУ во Брисел реализираа прва посета и воедно остварија работна средба во ректоратот на УКЛО.

Во пријатна и срдечна атмосфера високите гости од страна на Ректорот, проф, д-р Златко Жоглев  и проректорите: проф. д-р Сашо Атанасоки и проф. д-р Јованка Тутеска, беа запознаени со актуелните состојби на УКЛО и развојните визии на универзитетскиот менаџмент насочени кон повисок квалитет во образованието во функција на развојот и напредокот на Република Македонија, интегрирана во пошироки европски рамки.   

По работната средба во ректоратот на УКЛО, госите го посетија Факултетот за администрација и менаџмент на информациски ситеми – Битола, кадешто учествуваа на дискусија на тема: 1о години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

При посетата на ФАМИС беше презентирано  македонското издание на  Договор од Лисабон.

Scroll to Top