УКЛО УЧЕСНИК НА ДЕНОВИТЕ НА ОБРАЗОВАНИЕ И КАРИЕРА

14.04.2011

Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола  од 13 до 15 април 2011 година  учествува на годинашниот  саем за високо образование и кариера што се одржува на Скопски саем. На овој традиционален настан Универзитетот „Св. Климент Охридски “ – Битола настапува со промотивниот слоган МОЈОТ ИЗБОР Е УКЛО.

Во текот на трите саемски денови 12- те високообразовни институции во состав на УКЛО ги промовираат  своите студиски програми, условите за студирање, кадровските и техничките капацитети.

Учеството на саемот треба да придонесе за популаризација на студиските програми на УКЛО и ќе овозможи правилно насочување на младите луѓе како идни академски граѓани за современо, квалитетно образование и стручно усовршување.


Scroll to Top