УЧЕСТВО НА УКЛО НА Е-САЕМ ЗА КАРИЕРА

26.04.2011

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола по трет пат зеде активно учество на е-саем за кариера на кој заинтересираните потенцијални студенти можеа да го посетат виртуелниот штанд на Универзитетот и да се информираат за можностите и начините на студирање.

Исто така, студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола можеа да посетат една од 30-те компании кои во исто време учествуваа на е-саемот за кариера што им нудеше прилика директно да се запознаат со можностите и начините за изведување на практична работа.

Е-саем за кариера е во организација на националната програма за практиканство „Моја кариера“ развиена преку проектот за конкурентност на USAID.

E-саем за кариера се одржа по четврт пат од 18-21 Април 2011 година.

Scroll to Top