Одбележан Денот од основањето на УКЛО

28.04.2011

По повод 25-ти април, Денот на основањето на Универзитетот, одржана е  пригодна свеченост на којашто покрај раководството на Универзитетот присуствуваа деканите и директорите на високообразовните институции во состав на УКЛО, сенатори, студенти и други гости.

На свеченоста, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев потсети дека Универзитет„Св.Климент Охридски“ - Битола е основан пред 32 години и денес како интегриран универзитет го обединува функционирањето на 12 високообразовни институции и четири придружни членки.

Пренесувајќи ја денешната слика на УКЛО, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев ја нагласи одговорноста на Универзитетот да дејствува во видоизменет образовен амбиент и подготвеноста за промени, најавувајќи ги новите развојни визии на УКЛО насочени кон поквалитетна настава и повисоки стандарди во севкупното функционирање на Универзитетот.

Во рамките на пригодната свеченост се одржа музичка програма, а пред споменикот на Патронот, во дворот на Ректоратот положено е свежо цвеќе.

Scroll to Top