Промоција на нови доктори на науки

28.04.2011

На 28.04.2011 год.  со почеток во 10 часот, во Салата за состаноци на Ректоратот во комплексот Касарни - Битола,  се одржа свечена промоција на доктори на науки. Во рамките на настанот, ректорот професор д-р Златко Жоглев ги  промовираше следните доктори на науки:

Зија Зимери, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, наслов на дисертацијата: Карактеристики на транзитниот туризам во Република Македонија.

Владимир Христовски, доктор по менаџмент во образованието, наслов на дисертацијата: Педагошко-економски ефекти од активирањето на работилници во средните училишта.

Драган Клариќ, доктор на науки од областа на туризмот и угостителството, наслов на дисертацијата: Mенаџирањето на спорсткиот туризам на Будванската ривиера во периодот 1999-2009 годин.

Јанка Димитрова, доктор на економски науки, наслов на дисертацијата: Информативната функција на ревидираните финансиски извештаи на деловните субјекти од Република Македонија, при мобилизирањето капитал преку емисија на хартии од вредност.

Оливера Костоска, доктор на економски науки, наслов на дисертацијата: Надворешната трговија и конкуретноста на македонската економија.

Драшко Атанасоски, доктор на науки од областа на царината и шпедицијата, наслов на дисертацијата: Влијанието на регулативата на малограничниот промет врз туризмот во Република Македонија.

Наташа Мојсоска, доктор  на науки од областа на техничките науки, наслов на дисертацијата: Анализа на профилактички истражувања на изолациониот систем и продолжување на векот на експлоатација на големи синхрони генератори.

Снежана Мојсоска, доктор на економски науки, наслов на дисертацијата: Инвестициските фондови, потреба и перспектива за функционирање и развој во Република Македонија.

Стевчо Димески, доктор на економски науки, наслов на дисертацијата: Банкарскиот менаџмент во современите глобализирани финансиски пазари.

Драган Ивковиќ, доктор на науки од областа на осигурувањето, наслов на дисертацијата: Менаџмент контрола во управувањето со ризици во банки.

Синиша Милетиќ, доктор на науки од областа на осигурувањето, наслов на дисертацијата: Управување со ризици во осигурителните компании-концепт на економски капитал.

Берат Аќифи, доктор на науки од областа на царината и шпедицијата, наслов на дисертацијата: Царинската управа на Република Македонија и формите на транснационалниот криминалитет.

Настанот се одржa по повод 25-ти април, Денот на основањето на Универзитетот во 1979 година.

Од формирањето на Универзитетот, досега докторирале 130  доктори на науки.

Scroll to Top