МИНИСТЕРОТ МИЛОШОСКИ ГО ПОСЕТИ УКЛО

12.05.2011

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, г-дин Антонио Милошоски, во Ректоратот на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола оствари средба со ректорот, проф. д-р Златко Жоглев.

Во рамките на посетата, министерот Милошоски од страна на Ректорот и проректорите, беше запознаен со актуелните состојби на Универзитетот, меѓународната соработка и проектите во кои е вклучен УКЛО. На средбата е искажано задоволството од поддршката што ресорното министерство ја обезбедува во поврзувањето со сродни институции ширум светот.

Од своја страна, Министерот Милошоски нагласи дека помошта што се дава на овој план претставува капитална инвестиција за јакнење на капацитетите на човечките ресурси во регионот и пошироко.

По средбата во Ректоратот, Министерот Милошоски на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи одржа предавање за поврзаноста на Република Македонија со Европската унија во духот на евроинтеграциските процеси.

Scroll to Top