АКТИВНОСТ ВО ТЕМПУС ПРОЕКТОТ MAFOLAC

12.05.2011

Во рамките на Темпус проектот под наслов „Надградување на студиските програми – македонски јазик како странски јазик“ – попознат под акронимот MAFOLAC, на 12 мај 2011 година во просториите  на Педагошкиот факултет којшто од страната на УКЛО  е учесник во проектот, се одржа Втора внатрешна дисеминација.

На овој настан, покрај гостите од Универзитетот во Краков- како партнери во проектот,  присуствуваа и проректорите од УКИМ проф. д-р Елена Думова и проф.д-р Пеце Недановски, како и повеќе академски кадри од институцијата домаќин- Педагошкиот факултет. Средбата беше прилика да се согледаат досегашните резултати од реализираната надградба на студиските програми и курсевите за странци, а  исто така присутните да се запознаат со прегледот на досегашните и идни проектни активности.

Во оваа прилика беше одржана и проекција на документарен филм и што е особено значајно, и званично беше промовирана Фонолошката лабораторија – современо опремена дидактичка училиница за чие опремување средствата беа обезбедени токму од овој проект.


Scroll to Top