ЕДНОДНЕВЕН DINAQUF СЕМИНАР

13.05.2011

Со цел академските кадри и студентите од УКЛО да се запознаат со реализираните активности , постигнатите резултати и обврските што ќе следат за секоја единица во согласност со Владината уредба за НРК (Национална рамка на квалификации), на 13 мај, во салата за состаноци на Ректоратот во објектот на Касарната,  се одржа еднодневен семинар во рамките на Темпус проектот „Дизајнирање и имплементација на Национална рамка на квалификации“.

На семинарот, со свои презентации настапија: проректорот, проф.д-р Љупчо Трпезановски, координаторот на проектот проф. д-р Елизабета Бахтовска и доц. д-р Ратка Нешкоска- сите тројца во својство на непосредни учесници во проектот.

Она што претставува исклучителна придобивка за сите претставници на повеќето целни групи присутни на семинарот- декани, продекани, координатори на ЕКТС ,студенти и административни кадри, претставува можноста да се стекнат со практични искуства за начините на конципирање на дескрипторите како значаен елемент од НРК.


Scroll to Top