РЕИЗБРАН РЕКТОРОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА

17.05.2011

Универзитетскиот сенат на 93. седница одржана на 17 мај 2011 година нов четиригодишен мандат му довери на актуелниот ректор, проф. д-р Златко Жоглев.

Одлуката за избор на ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, сенаторите едногласно ја изгласаа по усвојување на Извештајот од Изборната комисија и спроведеното тајно гласање. Кандидатурата на проф. д-р Златко Жоглев беше поддржана  од  сите 12 високообразовни институции на УКЛО.

На седницата на којашто присуствуваа 43-ца од вкупно 45 сенатори изборот на проф. д-р Златко Жоглев за Ректор на УКЛО е постигнат  едногласно и со целосна поддршка.

Сенаторите одлучија дека вториот мандатен период за ректор на  Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Златко Жоглев го заслужи со претходно постигнатите резултати и придобивки за Универзитетот, како и предложената Програма со која се обезбедува континуитет во активностите за понатамошен  развој  на УКЛО.   

Изборот на ректор на УКЛО е остварен  во согласност со Законот и Статутот на Универзитетот во рамките на процедурата и дефинираните постапки.


Scroll to Top