СКЛУЧЕН ДОГОВОР ПОМЕЃУ УКЛО И ЦЕНТАРОТ ЗА РАЗВОЈ НА ЈУГОЗАПАДНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

26.05.2011

Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ - Битола и  Центарот за развој на Југозападниот плански регион со седиште во Струга, склучија договор за соработка.  Договорот за соработка го потпишаа проректорот за финансии и развој, проф. д-р Љупчо Трпезановски и директорот на Центарот м-р Мирјана Лозаноска. На овој начин се официјализира соработката помеѓу овие две институции со што се дава можност за директен контакт меѓу академската заедница и бизнис секторот.

Со договорот се отвораат можности за заедничко аплицирање на конкретни проекти пред фондовите на Европската Унија со што ќе се помогне во развојот на југозападниот регион.

Првиот заеднички проект меѓу Универзитетот и Центарот за развој на  Југозападниот  плански регион  ќе биде  од сферата на  изработка на студија за истражување на можностите  за развој на туризмот во струшко-охридскиот регион  и ќе  се реализира во соработка со факултетот за туризам и угостителство - Охрид.

Scroll to Top