НАГРАДЕН КОНКУРС

07.06.2011

Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола распишува Конкурс за најдобар

I.    ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД

II. ЕСЕЈ

Критериуми и услови:

·  Право на учество на Конкурсот имаат студенти на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во академската 2010/2011 година;

·  Студентот има право да конкурира за:

-   најдобар истражувачки труд

-   најдобар есеј

·  Студентот има право со посебни трудови истовремено да конкурира и за истражувачки труд и за есеј

·  Истражувачкиот труд, односно есејот, се изработуваат по слободен избор и тема на студентот, притоа, да не се објавени, односно изработени пред почетокот на академската 2010/2011 година

Начин на доставување на трудовите:

·  Трудот, односно есејот се доставува во поголем плик, во три примероци во материјална и во електронска форма, под шифра, најдоцна до 14. 09. 2011 година. Во истиот плик, се става помал, запечатен плик во кој се наведуваат: името и презимето, насловот на трудот, односно есејот, шифрата со која се конкурира, бројот на индексот и називот на високообразовната институција.

·  Доставувањето може да се врши лично, во архивата на Универзитетот или на адреса: Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, Булевар 1-ви Мај бб 7000 Битола.

·  Истражувачките трудови и есеите ќе ги оценуваат посебни Комисии кои ги определуваат поблиските критериуми за вреднување на пристигнатите истражувачки трудови, односно, есеите.

За најдобрите есеи и најдобрите истражувачки трудови се доделуваaт плакети и пооделно по три парични награди и за есеите и за истражувачките трудови  и тоа:

·  прва награда   30.000 денари

·  второ награда  20. 000 денари

·  трета награда  10.000 денари

 Поблиски информаци на телефон: 047 223 788, локал 127 или на elizabeta.atanasoska@uklo.edu.mk

betiatanasoska@gmail.com


Scroll to Top