Делегација од УКЛО на Четвртата годишна конференција на Советот за докторска едукација на ЕУА

15.06.2011

Делегација на Универзитетот „ Св. Климент Охридски“ – Битола предводена од ректорот, проф. д-р Златко Жоглев , учествуваше  во работата на Четвртата годишна конференција на Советот за докторска едукација што се одржа во Мадрид, Шпанија, на 09 и 10 јуни 2011 година.

Овој исклучително значаен форум и сегмент од работењето на ЕУА чијшто домаќин беше Универзитетот Карлос III од Мадрид, се одвиваше под мотото „Промовирање на креативноста – култивирање на истражувачкиот дух“ што најдобро ги отсликува тенденциите во развивањето на докторските студии во Европа.

Бројните присутни учесници, а особено експертите во оваа област ги презентираа структурите што современите универзитети треба да ги развиваат со цел да го обезбедат развојот, креативноста и иновативноста на докторската едукација којашто претпоставува висок степен на автономија како и способност за независно и критично мислење за сите комплексни прашања. Денес, посебен акцент се става на иновативноста во менталниот склоп  како предуслов за развивање на општествата на знаење, а токму во оваа насока универзитетите имаат голема одговорност да обезбедат соодветна едукација и обука низ процесот на истражување .

Ректорот, проф. Д-р Златко Жоглев, оствари бројни средби со значајни стејкхолдери и иницираше активности што од наредната година ќе се одвиваат на УКЛО во насока на запознавање ан академската средина со најновите европски трендови во оваа област.

Scroll to Top