Програма за високо образование, истражување и развој во земјите на Западен Балкан - ICT сектор

17.06.2011

Higher Education, Research and Development (HERD) – ICT сектор

Отворен повик за аплицирање за програмскиот период 2011 – 2014

Краен рок за пријавување: 15 август 2011

Норвешкото Министерство за надворешни работи нуди нова Програма за високо образование, истражување и развој за земјите на Западен Балкан чијашто основна цел е зголемување на економскиот раст и општествениот развој преку градење релации на соработка. Во името на Министерството, за администрирање на Програмата 4 поврзана со ICT секторот избран е Бускеруд Универзитетот.

За оваа Програма, квалификувани се сите акредитирани ВО институции од Западен Балкан и Норвешка, како и истражувачки институти од Западен Балкан и Норвешка коишто имаат воспоставена формална соработка со акредитирани универзитети.

Во рамките на отворениот повик, со краен рок: 15.08.2011, грантовите што ќе се алоцираат за земјите од Западен Балкан се однесуваат на периодот помеѓу 2011 и 2014 година.

Предлозите за проекти треба да вклучуваат и јавни и приватни партнери од ICT секторот во Норвешка и Западен Балкан. Заедничките предлози треба да се базираат врз реалните потреби на ICT секторот и затоа треба да се направат во соработка со регионалниот економски сектор. Проектите што ќе бидат фундирани од HERD/ICT мора да бидат комплетно реализирани до 31.12.2014.

Заедничките апликации се испраќаат до Секторскиот менаџер на Секретаријатот на Бускеруд Универзитетот, на следнава адреса:

Hege Eiklid

Board Secretariat Sector Manager

Buskerud University College

Postboks 7053, 3007 Drammen

e-mail: hege.eiklid@hibu.no

Телефон: +47 93434424

Факс: +47 32 86 98 83

Дополнителни информации во врска со процесот на аплицирање:

http://www.hibu.no/herd/

Scroll to Top