СТАВ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА ПО ОДНОС НА ИНИЦИЈАТИВАТА НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА ПРЕНАМЕНА НА ПРОСТОРОТ КАДЕ Е ЛОЦИРАН ФАКУЛТЕТОТ

30.06.2011

РЕКТОРСКАТА УПРАВА И УНИВЕРЗИТЕТСКИОТ СЕНАТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА НА  СЕДНИЦИТЕ ОДРЖАНИ НА 29.06.2011 ГОДИНА, ЗАЗЕДОА ЕДИНСТВЕН И КАТЕГОРИЧЕН СТАВ СО КОЈ СЕ ИЗРАЗУВА ЦЕЛОСНО  НЕСОГЛАСУВАЊЕ СО НАМЕРАТА НА ОПШТИНАТА ОХРИД ЗА ПРЕНАМЕНА НА ПРОСТОРОТ КАДЕ Е ЛОЦИРАН  ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД, ЕДИНИЦА ВО СОСТАВ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА.

ИЗМЕНИТЕ НА НАЦРТ ДЕТАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН НА ОПШТИНА ОХРИД ЗА ПРЕНАМЕНА НА ПОСТОЈНИТЕ ПЛАНСКО - УРБАНИСТИЧКИ РЕШЕНИЈА, ДИРЕКТНО ЗАДИРААТ ВО ОСТВАРУВАЊЕТО НА ДЕЈНОСТА НА ФАКУЛТЕТОТ КОЈА Е ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС И ЗНАЧИ КРШЕЊЕ НА ПОСЕБНО ЗАГАРАНТИРАНОТО ПРАВО СО УСТАВ И ЗАКОН ЗА АВТОНОМНО ОДЛУЧУВАЊЕ ВО ВРШЕЊЕТО НА ДЕЈНОСТА И УПРАВУВАЊЕТО СО ИМОТОТ ОД СТРАНА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ.

УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА ВРЗ ОСНОВА НА ПОВЕЌЕДЕЦИНСКОТО ПОСТОЕЊЕ И КОНТИНУИРАН РАЗВОЈ, ГИ НАГЛАСУВА СВОЕТО ЗНАЧЕЊЕ И ПРИДОНЕС ВО НАСТАВНО – ОБРАЗОВНАТА И НАУЧНО – ИСТРАЖУВАЧКАТА ДЕЈНОСТ И УЧЕСТВОТО ВО СЕВКУПНИОТ НАПРЕДОК НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, А ВО ТОЈ КОНТЕКСТ, ЗНАЧЕЊЕТО И УЛОГАТА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И УГОСТИТЕЛСТВО – ОХРИД, ЕДИНИЦА ВО СОСТАВ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – БИТОЛА, КОЈА МИНАТАТА ГОДИНА ОДБЕЛЕЖА 40 ГОДИШНО ПОСТОЕЊЕ.

Scroll to Top