ОДРЖАН МЕЃУНАРОДЕН ФОРУМ СО ТУРСКИ ИСТОРИЧАРИ „МАКЕДОНИЈА ВО ПЕРИОДОТ НА РЕФОРМИТЕ И УСТАВНОСТА"

06.07.2011

Научни трудови со значајни податоци за македонската историја, националност, писменост и црква во периодот на Отоманската империја, се афирмирани на дводневниот меѓународен форум организиран со турски историчари и истражувачи, организиран од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Ректорот, проф. д-р Златко Жоглев нагласувајќи ја важноста на форумот потсети дека податоците коишто се изнесени на форумот се базирани врз оригинални документи зачувани во државниот историски архив во Истанбул, Република Турција и наскоро ќе бидат преведени на македонски јазик и објавени во посебен зборник.

Македонско – турскиот научен форум опфати мошне интересен период почнувајќи од 1878 до 1900 година, време кога Македонците политички се организират за што потврда се автентичните документи со кои се потврдува македонската самобитност во времето на Отоманската Империја.

Scroll to Top