Бесплатни индекси и легитимации за новите студенти

18.08.2011

Во согласност со член 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за високото образование примените кандидати на Конкурсот за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски" - Битола во академската 2011/2012 година, при запишувањето добиваат бесплатни индекси и легитимации. 

Информацијата дека јавните универзитети ги обезбедуваат средствата потребни за издавање на студентски индекси и легитимации е објавена и на веб страниците на високообразовните институции и на огласните табли на истите.

Scroll to Top