ВИСОКА УНИВЕРЗИТЕТСКА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД АНКАРА ВО ПОСЕТА НА УКЛО

02.09.2011

Висока делегација од Универзитетот во Анкара, Република Турција, на покана на Ректорот на УКЛО, проф. д-р Златко Жоглев престојува на Универзитетот.

Во рамките на посетата на Ректоратот,  од страна на ректорот проф. д-р Златко Жоглев и проректорите, како и од страна на  гостите од Универзитетот во Анкара предводени од ректорот проф.д-р Џемал Талуг беа  претставени двата универзитети и разгледани повеќе можности за идна соработка во области од заеднички интерес.

По средбата , гостите ја посетија Високата медицинска школа, единица во состав на УКЛО како  и  НУ Завод и Музеј  и Музејот на Кемал Ататурк

 


Scroll to Top