Одржана Тркалезна маса за студентите

13.09.2011

На Педагошкиот факултет – Битола се одржа тркалезна маса на тема: „Студентите – следните 20 години“.

Настанот се одржа во рамките на Програмата за одбележување 20 години од независноста на Република Македонија чиј носител е Министерството за образование и наука во соработка со УКЛО.

Тркалезната маса беше повод да се актуелизираат прашањата за положбата и улогата на студентите во услови на темелни реформи.

Според медијаторот на тркалезната маса, проф. д-р Пере Аслимоски, проректор на УКЛО, студентите не се само најбројни, туку и најзначајни учесници во креирањето на новиот високообразовен амбиент, особено во последниве неколку години.

Аспектирани беа повеќе актуелни прашања поврзани  со Болоњските процеси, мобилноста, интернационализацијата и градењето партнерски односи во образовниот процес, со што се внесува нов квалитет и содржина во организирањето и функционирањето на високообразовните институции.


Scroll to Top