Утврден трет уписен рок во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус

14.09.2011

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на седницата одржана на 15.09.2011 година донесе Одлука за утврдување трет уписен рок во Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии во академската 2011/2012 година.

Според тоа, пријавувањето и запишувањето на кандидатите на сите единици на Универзитетот, ќе се врши во следниве термини:

Прв уписен рок: 05 – 14.09.2011

Втор уписен рок: 03 – 10.10.2011

Трет уписен рок: 07 – 14.11.2011


Scroll to Top